March 8, 2025 | | Свет
Бундеслигата доживеа еден од најлошите денови за фаворитите, откако најдобрите тимови неочекувано загубија на свој терен од аутсајдери. Баер Леверкузен не ја искористи шансата да се одвои на врвот, откако на домашен терен беше изненаден од Вердер Бремен. Гостите поведоа уште во 7. минута преку Шмид, а предноста ја удвои Нџинмах за конечни 0-2. И Баерн Минхен доживеа шок на „Алијанц Арена“, иако имаше сигурна предност од 2-0 против Бохум. Герериро го отвори резултатот во 14. минута, а истиот играч зголеми на 2-0. Сепак, црвениот картон за Палиња и промашениот пенал на Гнабри му дозволија на Бохум да направи целосен пресврт. Медиќ намали во 31. минута, Сисоко во 51. минута израмни, а Беро во 71. минута донесе сензационална победа за гостите. Борусија Дортмунд, пак, не успеа да избегне пораз против Аугзбург. Гувелеув го постигна единствениот гол на мечот уште во 23. минута. „Милионерите“ дадоа гол кој беше поништен, исто како и погодокот на Аугзбург за 0-2. Овој неуспех ги оддалечува Дортмунд од местата што водат во Лигата на шампионите. Штутгарт исто така не успеа да запише победа, одигрувајќи 2-2 на гости против Кил, додека Волфсбург не го совлада Сент Паули и заврши 1-1.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |