Ужасен натпревар за Јунајтед: Ливерпул ја заврши работата во првото полувреме! (ВИДЕО)

September 1, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Ужасен натпревар за Јунајтед: Ливерпул ја заврши работата во првото полувреме! (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед претрпе болен пораз од најголемиот ривал Ливерпул со 0-3 на „Олд Трафорд“. Јунајтед одигра очајно, а во центарот на вниманието се најде Каземиро кој директно им поклони два гола на Ливерпул, па на полувремето беше изваден од игра. Првиот гол падна во 35. минута, а вториот во 42. минута, а двата гола ги постигна Луиз Дијаз каде и двата гола ги намести Салах. Во второто полувреме натпреварот беше решен со голот на Салах во 56. минута на асистенција на Собослаи. По првите три кола, Јунајтед има една победа и два порази, а Ливерпул има три од три. После репрезентативната пауза, Јунајтед ќе гостува кај Саутемптон, а Ливерпул ќе го дочека Нотингем Форест.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.