Ужасен почеток за Барса: Ерик Гарсија заработи црвен, Монако веднаш дава гол! (ВИДЕО)

September 19, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Ужасен почеток за Барса: Ерик Гарсија заработи црвен, Монако веднаш дава гол! (ВИДЕО)

Катастрофален почеток за тимот на Барселона каде во 10. минута Ерик Гарсија заработи директен црвен картон бидејќи со неговиот прекршок спречи чиста шанса на Минамино. Грешката ја направи Тер Стеген кој додаде до Гарсија, но пасот беше погрешен, па стоперот сакајќи да спречи чиста шанса, направи прекршок. Шест минути по црвениот картон, Монако веднаш успеа да постигне гол со играч повеќе преку Аклиуш.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.