Ужасна незгода: Антонио скоро еден час поминал во смачканото Ферари! (ФОТО)

December 8, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Ужасна незгода: Антонио скоро еден час поминал во смачканото Ферари! (ФОТО)

Подготовките на Вест Хем за понеделничкиот натпревар против Вулверхемтон тргнаа на најлош можен начин овој викенд, кога една од најголемите ѕвезди на тимот, Мајкл Антонио, предизвикал страшна сообраќајна несреќа. Со своето моќно Ферари, фудбалерот целосно го смачкал својот скап автомобил, а сликите кои беа споделени во јавноста укажуваат на тоа дека ударот бил неверојатно силен и застрашувачки. Единствена добра вест од целата оваа немила сцена е што Антонио минал без животозагрозувачки повреди, што на крајот се покажало како вистинска среќа, со оглед на силата на ударот. Спасувачката екипа за итни случаи која пристигнала на лице место работела дури еден час за да го извади заробениот фудбалер од автомобилот. Доказ за тоа е и официјалното соопштение на тимот за итни ситуации, кое потврдува дека Антонио избегнал голема трагедија. „Екипите беа повикани на терен во 13 часот и 2 минути во саботата попладне. Пожарникарите пријавија дека маж останал заробен во неговиот автомобил и работеле на негово ослободување до 13 часот и 45 минути. Повредениот човек веднаш бил ставен во возило за Брза помош и итно пренесен во болница“, стои во соопштението на итната служба. Вест Хем соопшти дека Антонио е во стабилна ситуација по претрпениот шок, но побараа од јавноста да се почитува приватноста на фудбалерот, но и неговото семејство.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.