November 27, 2024 | | Свет
Манчестер Сити пропушти неверојатна предност од три гола против Феенорд каде водеа 3-0 се до 75. минута. Иако се чинеше дека Сити конечно ќе ја прекине негативната серија, следуваше нов шок за шампионот на Англија. Еден од трагичарите беше голманот Едерсон кој имаше две ужасни грешки за вториот и третот гол на гостите. Посебно се истакна онаа грешка при голот на Феенорд за 3-3 каде реши да „излета“ на 40 метри од голот во 89-та минута обидувајќи се да го спречи нападот на гостите. Наместо тоа, тој ја промаши топката и тоа значеше нов шок на „Етихад“.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |