Ужасна сцена во Белгија: Фудбалер остана без прсти, петарда му пукна во рака (ВИДЕО)

October 22, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Ужасна сцена во Белгија: Фудбалер остана без прсти, петарда му пукна во рака (ВИДЕО)

Се случи ужасен настан во Белгија, поточно во четвртата лига на дуелот помеѓу КСЦТ Менен и Зилебеке. Фудбалерот Фабио Шиафино постигна два гола во победата на својот тим од 4-0, но овој натпревар нема да го памети воопшто по добро, иако на тој ден го прослави својот 26. роденден. Имено, навивачи фрлија петарда на теренот. Во тој момент, Шиафино сакаше да ја земе петардата и да ја изнесе од теренот, но во тој момент петардата му пукна во рацете и остана без прст. Тој беше пренесен во болница каде мораа да му бидат ампутирани уште два прста по експлозијата. „Кога се расчисти димот, видов дека ми фалат делови од прстите“, рече Скијафино.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.