August 14, 2024 | | Свет
Ужасни вести пристигнаа од Шпанија вечерва. Весникот „Ла Вангардија“ објави дека таткото на Ламин Јамал, Мунир Насрауи, бил нападнат и избоден со нож на паркинг во Матар, градот во кој е роден Ламин. Тој итно бил пренесен во болницата Кан Рути во Бадалона. Состојбата во моментов е стабилна. Полицијата лоцираше неколку сведоци, а наводно на се' претходел претходен вербален конфликт меѓу Мунир и насилникот. Весникот „Ел Периодико“ открива дека Мунир всушност бил нападнат од приврзаниците на тврдодесничарската шпанска политичка партија VOX, за која е позната за нејзините ксенофобични ставови, расизмот, неофашизмот, антиимигрантската политика и сите други придружни гадости. Неколку осомничени веќе се приведени во полициска станица, а таткото на Ламин наводно имал многу среќа бидејќи буквално бил на сантиметри оддалечен од фатален исход. Новинарката Мајка Наваро открива дека конфликтот започнал денеска, додека Мунир мирно го шетал своето куче низ соседството. Во еден момент некој од ведро небо му фрлил поголема количина вода од балконот и почнал расистички да го навредува. Мунир се оддалечил оттаму, но сторителите очигледно имале незавршена работа. Минатата година тој беше обвинет за прекршок од шпанската полиција затоа што налетал на шаторски камп од кој приврзаниците на VOX расистички ги навредувале него и неговото семејство, физички се пресметале со нив и им срушиле неколку шатори. Потоа бил казнет со 550 евра, а на суд изјавил дека повторно ќе го направи истото „бидејќи тоа бил човечки потег“.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |