Ужасна вест за Арсенал: Се повреди Букајо Сака

December 21, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Ужасна вест за Арсенал: Се повреди Букајо Сака

Арсенал моментално води со 1-4 против Кристал Палас, но резултатот е скапо платен поради повредата на Букајо Сака. Најдобриот фудбалер на „топџиите“ се повреди без контакт, при обид за центаршут, по што веднаш се упати кон соблекувалната. Првичните прогнози не се оптимистички, па се очекува Сака да паузира на следниот дуел со Ипсвич на домашен терен, како и на гостувањата против Брентфорд и Брајтон во почетокот на јануари. Во таборот на Арсенал сепак се надеваат дека брзо ќе се опорави и дека ќе биде во форма за големото лондонско дерби на 15 јануари, кога Арсенал ќе го пречека Тотенхем.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.