Ужасна вест за Аталанта: Скамака ќе ја пропушти скоро целата сезона!

August 5, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Ужасна вест за Аталанта: Скамака ќе ја пропушти скоро целата сезона!

Џанлука Скамакa ги скина вкрстените лигаменти на коленото и ја пропушта скоро целата сезона. Наводно, тој ќе биде надвор од терените околу шест до седум месеци. Минатата сезона Италијанецот беше еден од клучните играчи на Аталанта каде успеаа да го освојат трофејот во Лига Европа. Ова значи дека Скамака нема да биде дел од тимот на Аталанта во битката за трофејот во УЕФА Суперкупот против Реал Мадрид во Полска.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.