February 11, 2025 | | Свет
Легендата на Манчестер Јунајтед Пол Сколс отворено го коментираше актуелниот состав на тимот под водство на Рубен Аморим. Како некогашен клучен играч во ерата на Алекс Фергусон, неговите зборови секогаш привлекуваат внимание, особено кога станува збор за „црвените ѓаволи“. Сколс без двоумење ја изрази својата загриженост за моменталната состојба на клубот. Според него, најголемата слабост е недостатокот на стабилно јадро во тимот. „Сите големи тимови имаат костур, а овој Јунајтед под водство на Аморим го нема тоа. Ако не се преземат конкретни потези во летниот преоден рок, стравувам дека Манчестер Јунајтед следната сезона би можел дури и да испадне од Премиерлигата“, изјави легендарниот фудбалер. Тој смета дека Аморим мора да направи значителни промени во тимот за да избегне уште една разочарувачка сезона.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |