Ваквиот Арсенал пак ќе се бори до крај за трофејот, Евертон доживеа потоп! (ВИДЕО)

August 17, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Ваквиот Арсенал пак ќе се бори до крај за трофејот, Евертон доживеа потоп! (ВИДЕО)

Арсенал го совлада Волвс со 2-0 во првото коло од Премиер лигата, а стрелци беа Хаверц и Сака. Резултатот го отвори Каи Хаверц во 25 минута на асистенција на Сака, а потоа и Германецот му возврати со асистенција во 74. минута.

Евертон пак во дуелот против Брајтон доживеа бламажа и тоа на својот терен каде изгубија со 0:3. Евертон имаше само еден удар во рамките на голот на противникот.

Брајтон поведе со голот на Митома во 26. минута, во 56. минута зголеми Дани Велбек. Ветеранот Ешли Јанг само го влоши денот со својот црвен картон во 66 минута, а во 87. минута погоди Адингра.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.