Валенсија му ја затвори вратата на Столе, Македонецот ставен на трансфер-листа!

June 19, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Валенсија му ја затвори вратата на Столе, Македонецот ставен на трансфер-листа!

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски е на чекор до нов трансфер откако Валенсија неочекувано реши да го стави на трансфер-листата. Според информациите од Шпанија, одлуката доаѓа по директива на новиот тренер Карлос Корберан, кој не го гледа Димитриевски како дел од својата визија за наредната сезона. Првичните очекувања беа дека Димитриевски ќе стане прва опција на голот на „Месталја“, особено по договорот за заминување на грузискиот голман Мамардашвили во Ливерпул. Сепак, англискиот гигант дозволи Мамардашвили да остане уште една сезона во Валенсија, што драстично ја смени позицијата на Димитриевски во клубот. Дополнително, клубот веќе ја договори едногодишната позајмица на Хулен Агирезабала од Атлетик Билбао, кој ќе добие шанса како прв голман. Тренерот Корберан најавил и враќање на Кристијан Риверо како втор избор меѓу стативите, што значи дека за Димитриевски нема место во голманската ротација. Столе пристигна во Валенсија минатото лето од Рајо Валјекано како слободен играч и потпиша договор до јуни 2026 година. Сега клубот гледа на него како на можност за финансиски бенефит од евентуален трансфер. И покрај овие околности, 30-годишниот чувар на мрежата и натаму е ценет во шпанските фудбалски кругови, па не се очекува да има проблем при пронаоѓање нова средина каде ќе добие поголема минутажа и континуитет.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.