October 10, 2024 | | Свет
Манчестер Јунајтед во моментов повторно е во огромна криза каде столчето на Тен Хаг одамна не е сигурно. Наводно, раководството ќе продолжи да му дава поддршка, но ако продолжат лошите резултати, ќе мора да има промена. Јунајтед донесе неколку засилувања летово од кои едно од тие беше Мануел Угарте од ПСЖ. Токму за Уругваецот зборуваше легендарниот Марко Ван Бастен. „Угарте клубот го чинеше милиони фунти, си помисувате, „како воопшто можете да платите толку многу пари за тоа?“ Тоа е навистина бизарно. Не, но веќе можев да видам на тој натпревар дека тој не вреди ниту една четвртина од таа сума. Тој (Тен Хаг) останува добар тренер, но ако ја видите политиката за купување и оние момчиња кои потоа беа донесени за 700 милиони, не гледам никаков поврат од тоа, тие се уште се слабо организирани. Ниту една ѕвезда која води и организира, ниту една. Пред неколку години Маркус Рашфорд беше одличен играч, тој не може повеќе да направи ништо за ова, тоа е неверојатно. Чудно е за тоа момче кое беше светска ѕвезда пред неколку години“, рече Ван Бастен.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |