Ван Бисака си поигрува со Јунајтед, бара милионска сума за да замине!

August 9, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Ван Бисака си поигрува со Јунајтед, бара милионска сума за да замине!

Арон Ван Бисака очигледно нема лесно да го напушти Манчестер Јунајтед. Имено, тој барал да му се исплатат седум милиони фунти за да направи трансфер во Вест Хем. Тој го уценувал сопствениот клуб и им порачува дека нема ништо против да чека една година и потоа следното лето како слободен агент да замине беспари од Олд Трафорд. Вест Хем пак се надева дека ќе го заврши трансферот во следните неколку дена, тврди Романо. Ако Бисака продолжи со нереалните барања, ова дури може да значи и дека трансферот може да пропадне, а планот на Јунајтед е да го продаде Ван Бисака и да го ангажира Мазрауи.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.