Ван Дајк ја одбил првата понуда од Ливерпул, иднината на капитенот под големо прашање

December 8, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Ван Дајк ја одбил првата понуда од Ливерпул, иднината на капитенот под големо прашање

Вирџил ван Дајк е еден од тројцата клучни фудбалери на Ливерпул, чии договори истекуваат следното лето, а неговата иднина во клубот е несигурна. Покрај него, и Мохамед Салах и Трент Александер-Арнолд имаат нејасни перспективи за следната сезона, иако последните информации се дека наводно Салах продолжува уште две сезони. Ситуацијата за секој од овие фудбалери е различна, а Ливерпул моментално активно преговара со Ван Дајк, кој е капитен и клучен дефанзивец. Англиските медиуми јавуваат дека клубот испратил прва понуда за холандскиот репрезентативец, но тој ја одбил експресно преку своите агенти каде бил разочаран од условите. Постои надеж дека двете страни ќе можат да се договорат наредниов месец, но ако тоа не се случи, Ван Дајк може да започне преговори со други клубови. За фудбалер со неговите квалитети, голем број на клубови ќе бидат заинтересирани, а фактот дека нема да се плаќа отштета ќе му овозможи да добие висока плата, како и бонус за потпис на договорот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.