December 15, 2024 | | Свет
Ливерпул ја пропушти можноста да освои важни бодови во трката за титулата во Премиер лигата, откако на домашен терен одигра само 2-2 против Фулам во 16. коло. „Црвените“ се најдоа во тешка ситуација уште во 16. минута кога Робертсон доби директен црвен картон. Неговото исклучување од игра значително го намали тимскиот капацитет на Ливерпул за остатокот од мечот. Сепак, и покрај овој критичен момент, капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, по натпреварот изјави дека не може да се даде оправдување за резултатот со судиските одлуки. Според него, тие не биле причина за испуштените бодови, туку Ливерпул не успеал да се избори со ситуацијата на теренот. „Разговарав со играчите на Фулам и чувствувавме како судијата да е нервозен. Тој не можеше правилно да комуницира со Робертсон, тоа го почувствував. Не можеме да ја префрлиме вината на судијата. Сите зборуваме за заштита на судијата, но јас не можев да зборувам со него. Тоа не треба да биде голема работа бидејќи тој не е причината зошто испуштивме бодови“, изјави капитенот по средбата“, изјави ван Дајк.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |