August 11, 2024 | | Свет
Стоперот на Ливерпул Вирџил Ван Дајк кој е дел од клубот уште од 2018 година кога пристигна од Саутемпетон, рече дека Ливерпул сеуште му нема понудено нов договор. „Нема промени во моментот. Мислам дека треба да направиме некои трансфери врз основа на тоа колку долго ќе трае сезоната, но тие работат зад сцената и јас сум целосно убеден и верувам дека клубот дека ќе ја направи вистинската работа за нас“, рече тој. Неговиот договор истекува наредното лето, а периодов имаше шпекулации за можен трансфер во Саудиска Арабија летово, но најверојатно такво нешто нема да се случи. „Тоа е главната работа на која се фокусирам, имајќи ја довербата и ќе видиме што ќе се случи“, додаде Ван Дајк.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |