Ван Дајк во 92. минута му донесе победа на Ливерпул, ПСЖ, Баерн и Интер убедливи (ВИДЕО)

September 17, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Ван Дајк во 92. минута му донесе победа на Ливерпул, ПСЖ, Баерн и Интер убедливи (ВИДЕО)

Во вистинско дерби на денот во Лигата на шампионите, Ливерпул со драматичен гол во судиското продолжение го совлада Атлетико Мадрид со 3:2. „Црвените“ започнаа фуриозно и по само шест минути водеа со 2:0 благодарение на Робертсон и Салах. Атлетико не се предаде – Маркос Љоренте со два погодоци, во финишот на првото и во 81-та минута, донесе израмнување на 2:2. Сепак, радоста на гостите траеше кратко – во 90+2 минута Вирџил ван Дајк со глава донесе триумф за Ливерпул.

Баерн Минхен пред својата публика со 3:1 го совлада Челси. Германскиот шампион водеше со 2:0, Палмер намали на 2:1, но Хари Кејн со својот втор гол во 63-та минута ја запечати победата на „Баварците“. Актуелниот европски првак ПСЖ започна убедливо – со 4:0 против Аталанта. Маркињос и Кварацкелија донесоа предност во првиот дел, а Мендес и Рамос во второто полувреме ја комплетираа доминацијата на парижаните. Интер беше единствениот гостин кој се радуваше вечерва. „Нераѕурите“ славеа со 2:0 на гостувањето кај Ајакс во Амстердам.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.