April 18, 2025 | | Свет
Реал Мадрид се прости од Лигата на шампионите по двомечот со Арсенал. „Топчиите“ славеа со 3-0 на „Емирејтс“, а потоа го потврдија пласманот во полуфиналето и со победа од 2-1 на „Сантијаго Бернабеу“. Со вкупни 5-1, Арсенал ќе се соочи со ПСЖ во следната фаза. Во сенка на резултатот остана инцидентот меѓу Антонио Ридигер и младиот Луис Скели, кој привлече големо внимание и провоцираше бурни реакции. Германскиот дефанзивец на Реал, наизглед (не)намерно, го згазна талентираниот играч на Арсенал, потег што брзо стана вирален на социјалните мрежи и тема за дебата во фудбалскиот свет. Овој момент не помина незабележано ниту во Холандија. Поранешниот холандски репрезентативец Рафаел Ван дер Варт, познат по своите директни изјави, остро го критикуваше Ридигер. „Сите гледавме дека тоа беше намерно. Јас играв во Германија кога тој беше во Штутгарт, еднаш ме удри во стомак и веднаш доби црвен картон. Да, знаете… Тој е малку идиот,“ изјави Ван дер Варт. Тој додаде и дека Ридигер знае да биде незгоден кога работите не одат по планот. „Додека победуваш, сè е супер. Но кога ќе почнеш да губиш, тој се претвора во сосема друг играч. Сите се сеќаваме како го чуваше Халанд, беше немилосрден. Но, тој успеа да го неутрализира во два меча, и тоа исто така говори нешто за него.“
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |