August 5, 2024 | | Свет
Луј Ван Гал се бори со рак на простата каде даде позитивни знаци за неговата битка, но зборуваше и за неговите интимни болести во текот на неговата тешка борба. Тој се повлече од функцијата селектор на холандската репрезентација по Светското првенство во Катар во 2022 година каде во тој период ја дознал ужасната вест. „Моето здравје? Добро сум. После три години зрачна терапија, инфекција на бубрезите, операција на простата, конечно можам да се борам. Можам повторно да мочам природно, што е важно. Но, не можам повеќе да водам љубов, тоа е најголемиот проблем“, изјави Холанѓанецот за „РТЛ“. Ван Гал зборуваше и за тоа дали ракот го променил неговиот поглед на животот. „Не многу, навистина. Видете, јас потекнувам од семејство од девет браќа. Јас сум најмладиот. Татко ми почина кога имав 11 години. Почина на 53-годишна возраст. Мојата прва сопруга почина кога имаше 39 години. И сите мои браќа умреа прерано. Навикнат сум на смрт. Затоа знам дека смртта е дел од животот. Кога првпат слушнав дека имам рак, реков: „Во ред, тоа не е добра вест, но подобро да се обидам да направам нешто во врска со тоа“. Секој човек може да реагира различно. Затоа велам: „Биди свој“, рече Ван Гал.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |