Ван Гал ,,удриʼʼ по УЕФА: ЛШ стана натпреварување за пари!

October 23, 2026 | Kristijan Trajchov | Свет

Ван Гал ,,удриʼʼ по УЕФА: ЛШ стана натпреварување за пари!

Луис ван Гал остро го критикуваше новиот формат на Лигата на шампионите, обвинувајќи ја УЕФА дека парите ѝ се поважни од квалитетот на фудбалот. „Смешно е што УЕФА го осмисли овој формат на натпреварување. Денес секој може да учествува. УЕФА размислува само како да заработи пари. Ова е свет на корупција“, изјави Холанѓанецот. Ван Гал смета дека во најелитното европско натпреварување треба да играат само најдобрите екипи. „Лигата се вика Лига на шампионите, нели? Најдобрите тимови треба да играат во неа. Ќе има помалку разлики во квалитетот и помалку голови, но натпреварите ќе бидат на многу повисоко ниво, а фудбалот ќе биде многу подобар.“

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.