Ван Нистелрој имал молба до играчите на Јунајтед пред да замине

November 15, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Ван Нистелрој имал молба до играчите на Јунајтед пред да замине

Руд Ван Нистелрој беше привремен тренер на Манчестер Јунајтед каде ги водеше на четири натпревари остварувајќи три победи и едно реми. Откако Аморим пристигна во клубот, заеднички беше договорено дека Холанѓанецот нема да продолжи како асистент на новиот тренер. Ван Нистелрој не се противел на ова и имал една молба до фудбалерите кои наводно сакале тој да остане, но сепак тоа не се случи. Според Фабрицио Романо, Ван Нистелрој побарал од играчите да му дадат поддршка на Аморим и да не прават проблеми во соблекувалната.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.