Ван Нистелрој исфрлил фудбалер од тимот кој живеел далеку!

April 4, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Ван Нистелрој исфрлил фудбалер од тимот кој живеел далеку!

Сезоната за Лестер се претвора во вистински фудбалски трилер со драматични пресврти, а улогата на главен актер ја доби новиот стратег, Руд Ван Нистелрој. „Лисиците“, кои пред неколку години беа на врвот на англискиот фудбал, сега тагуваат на претпоследната позиција со скромни 17 бодови и се далеку од спасителната зона и уште подалеку од поранешната слава. Ван Нистелрој, одлучен да ја разбуди екипата, не се плаши од непопуларни одлуки. Последната негова акција предизвика земјотрес во редовите на тимот. Имено, тој го отстрани од составот искусниот Хари Винкс. Причината? Несекојдневна. Според островските медиуми, холандскиот тренер инсистирал секој фудбалер да остане најмалку една ноќ неделно во близина на тренинг-центарот, со цел подобра физичка и ментална подготвеност. Но Винкс, кој живее дури 160 километри од базата, одбил од семејни причини. Сакал да биде покрај својот новороден син, приоритет што го ставил пред професионалната обврска. Тоа довело до тивка војна што завршила со бучно отстранување од тимот. Засега, не се знае дали и кога ќе се случи помирување. Но, едно е сигурно, а тоа е дека Ван Нистелрој го нема луксузот на трпение. Опстанокот виси, а времето истекува.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.