Ван Нистелрој ќе биде тренер на Лестер

November 27, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Ван Нистелрој ќе биде тренер на Лестер

Руд Ван Нистелрој кој не доби шанса да се развива како помошник на Рубен Аморим во Манчестер Јунајтед, изгледа дека нема да чека долго за нов предизвик. Се чини дека неговата иднина како самостоен менаџер е неизбежна, а вратата за нова кариера веќе е широко отворена. По впечатливите настапи како привремен тренер на Јунајтед, каде што ја водеше екипата до три победи и едно реми, Ван Нистелрој го напушти клубот како слободен агент, со што си ја отвори можноста за ново поглавје. И, како што пишува угледниот британски „Telegraph“, тоа поглавје ќе биде во Премиер лигата. Преговорите со Ван Нистелрој се интензивирале во последните три дена, а по серија успешни разговори, тој е блиску до преземање на кормилото на клубот. Лестер, кој се мачи од почетокот на сезоната, го отпушти Стив Купер по поразот од Челси, но сега изгледа дека „лисиците“ најдоа својот нов тренер.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.