July 19, 2024 | | Свет
Драмите меѓу Мауро Икардо и Ванда Нара се уште постојат каде врската беше одбележана со низа на скандали и конфилкти. Ванда реши да го напушти Икарди со кого има две ќерки. Таа претходно му го прости неверството на Икарди пред неколку години додека тој играше во ПСЖ. Нема информации за нивната разделба, но целата ситуација и тоа како го погодила Икарди, тврдат извори блиски до Галатасарај, неговиот клуб. „Целата екипа е на подготовки во Австрија, но јасно е дека Мауро не е присутен „со главата“. Се наоѓа во депресија, тоа е повеќе од очигледно, нема никаков апетит, веќе ослабе шест килограми, намалена му е и мускулната маса, тоа се одразува и на тренинзите и на пријателските натпревари“, открива аргентинскиот новинар Густаво Мендез. Мауро Икарди минатата сезона ја покажа класата во Турција каде постигна 25 гола и му ја донесе титулата на Галатасарај во турскиот шампионат.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |