Венецуелска телевизија проба да ги повлече линиите за офсајд и стана предмет на потсмев! (ВИДЕО)

July 23, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Венецуелска телевизија проба да ги повлече линиите за офсајд и стана предмет на потсмев! (ВИДЕО)

Очигледно е дека ВАР технологијата не е развиена во сите земји, а особено пак кога станува збор за цртање на линии со кои ќе се види дали станува збор за офсајд или не во одредени ситуации. Иако натпреварот меѓу Пуерто Сабељо и Португеса во првенството на Венецуела заврши без голови, во центарот на вниманието се најдоа судиите од ВАР собата кои се обидоа да повлечат линии и да проценат дали е офсајд или не. Линијата е премногу повлечена накосо, што реално некој во ВАР собата треба да го види тоа па и да се засрами. Во прилог инцидентот кој се случил на натпреварот меѓу Пуерто Кабеља и Португесе:

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.