Варди уште една сезона во Лестер, се враќа во Премиер лигата

June 7, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Варди уште една сезона во Лестер, се враќа во Премиер лигата

Легендата на Лестер, Џејми Варди потпиша нов договор кој ќе трае една година па така Варди пак ќе има шанса да ги тресе мрежите во Премиер лигата бидејќи Лестер го освои првото место во Чемпионшип и обезбеди директен влез во Премиер лигата. Напаѓачот постигна 20 гола оваа сезона за Лестер во сите натпреварувања. Тој е трет стрелец во историјата на овој клуб со 190 голови. Тој со Лестер ја освои Премиер лигата, ФА Купот и Комјунити Шилд. „Очекуваме уште една сезона во Премиер лигата и да видиме што можеме да направиме. Сто проценти сум сигурен, тоа е најдобрата лига во светот. Тоа е местото каде што сакате да играте фудбал“, рече тој.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.