March 16, 2025 | | Свет
Интер оствари значајна победа на гостувањето во Бергамо, совладувајќи ја Аталанта со 2-0 и нанесувајќи им тежок удар на нивните амбиции за титула. Отпорот на домаќините беше скршен во вториот дел – Карлос Аугусто во 54. минута го отвори резултатот, а Лаутаро Мартинез ја запечати победата со погодок три минути пред крајот. Натпреварот беше исполнет со тензии – Аталанта остана со играч помалку по црвениот картон на Едерсон, додека кај Интер исклучен беше Алесандро Бастони. Дополнително, тренерот на домаќините Џанпјеро Гасперини беше испратен во соблекувалната веднаш по вториот гол на „нераѕурите“. Со овој триумф, Интер останува на врвот на табелата во Серија А со 64 бода, пред Наполи (61) и Аталанта (58).
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |