Вдовицата на Жота со емотивна порака: Еден месец од нашето додека смртта не нè раздели (ФОТО)

July 23, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Вдовицата на Жота со емотивна порака: Еден месец од нашето додека смртта не нè раздели (ФОТО)

Рут Кардосо, сопругата на трагично починатиот фудбалер на Ливерпул, Диого Жота објави емотивна порака на социјалните мрежи. Таа сподели фотографии од првиот брачен танц и напиша: „Еден месец од нашето ‘додека смртта не нè раздели’. Засекогаш твоја бела.“ Жота и Кардосо стапија во брак на 22 јуни, но нивната среќа беше краткотрајна – само десет дена подоцна, португалскиот репрезентативец загина во тешка сообраќајна несреќа додека патувал кон Сантандер, од каде требаше да замине за Англија и да ги започне подготовките за новата сезона со Ливерпул.

 
View this post on Instagram
 

A post shared by Rute Cardoso 🎀 (@rutecfcardoso14)

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.