January 18, 2025 | | Свет
Некогашниот огромен англиски талент, 28 годишниот фудбалер, Деле Али, кој некогаш играше полуфинале во Лигата на шампионите, сега се најде во ситуација да мора да помине проба за да потпише договор со клуб – што конечно го успеа. Али неодамна тренираше со Евертон за да ја задржи физичката форма, по што замина на проба во италијанскиот тим Комо. Според најавите, утре ќе стави потпис на договорот со клубот. Шпанецот Сеск Фабрегас, кој во моментов ја води екипата на Комо како тренер, нагласил дека тимот има потреба од играч со квалитетите на Деле Али. Ова може да биде одлична шанса Деле Али барем за момент да потсети на старите денови кога доминираше во Премиер лигата.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |