Вејн Руни жестоко удри по фудбалерите на Манчестер Јунајтед: Овие играчи не се трудат доволно!

October 27, 2026 | Kristijan Trajchov | Свет

Вејн Руни жестоко удри по фудбалерите на Манчестер Јунајтед: Овие играчи не се трудат доволно!

Легендата на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, упати остри критики кон актуелниот играчки состав на клубот, обвинувајќи ги фудбалерите за недоволна борбеност, залагање и посветеност на теренот. Руни, кој со години го носеше дресот на „црвените ѓаволи“ и освои бројни трофеи со клубот, порача дека дури и кога не бил најдобриот играч на теренот, секогаш давал максимум и работел напорно. „И јас имав свои квалитети и знаев да постигнувам голови, но, по ѓаволите, барем трчав и работев напорно. Овие играчи не го прават тоа!“, изјави Руни. Поранешниот англиски репрезентативец додаде дека би сакал да влезе во соблекувалната на Јунајтед и директно да ги соочи играчите со нивниот однос кон клубот. „Би сакал да влезам во таа соблекувална, да ги седнам сите и да ги прашам: ‘Што, по ѓаволите, правите?!’“ Руни смета дека носењето на дресот на Манчестер Јунајтед мора да подразбира многу повеќе од самото појавување на теренот. „Мислите дека заслужувате да го носите овој дрес само затоа што шетате по теренот? Би ги разбудил и би им влеал дополнителна енергија!“, порача тој.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.