April 27, 2025 | | Свет
Фудбалските великани на Бугарија и Македонија денеска во Варна (17 часот) ќе одиграат хуманитарен натпревар, каде собраните средства ќе бидат донирани на семејствата настрадани во трагедијата што ја потресе Кочани. Во овој благороден настан ќе учествува „златната генерација“ на бугарскиот фудбал, предводена од легендарниот Христо Стоичков, која го освои четвртото место на Светското првенство во САД во 1994 година. На спротивната страна ќе биде македонската селекција на фудбалски легенди, меѓу кои Илија Најдоски, Бошко Ѓуровски и Горан Пандев, под водство на тренерот Ѓоко Хаџиевски. За Бугарија ќе настапат и славните Борислав Михајлов, Емил Костадинов, Јордан Лечков, Наско Сираков, Красимир Балаков, Ивајло Јорданов, Валери Божинов, Даниел Боримиров, Златко Јанков и Емил Кременлиев, а тимот ќе го предводи од клупата Димитар Пенев. Македонските бои ќе ги бранат имиња како Данчо Целески, Зоран Мицевски, Благоја Милевски, Игор Митревски, Горан Георгиевски, Митко Стојковски, Светозар Станковски, Дарко Тасевски, Тони Мицевски, Артим Шаќири, Агим Ибраими, Арџент Бекири, Ѓорѓи Христов и други, сите под водство на искусниот стратег Ѓоко Хаџиевски. Овој натпревар претставува вистински празник на фудбалот и хуманоста, каде што спортот уште еднаш ќе покаже дека може да обединува и да носи надеж во најтешките моменти.
View this post on Instagram
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |