October 26, 2024 | | Свет
Во моментов се одвива „судењето на векот“ како што го нарекуваат Англичаните помеѓу Манчестер Сити и Премиер лигата. Против шампионите има дури 115 обвиненија поврзани со кршење на правилата на финансискиот фер-плеј (ФФП). Тие се обвинети дека ги кршеле правилата од 2009 до 2018 година меѓу кои наводно на рака се исплаќале дополнителни средства на Јаја Туре, како и на поранешниот менаџер Роберто Манчини. Обвиненија има и за нетранспарентност на клубот, односно дека не приложувале одредени извештаи. Сепак, поранешниот менаџер на Арсенал Арсен Венгер смета дека правилата во Премиер лигата мора да се променат. „Во моментов не можете да слушнете дека клуб како Манчестер Сити е обвинет со 115 различни обвиненија во фудбалска сезона. Не верувам во тоа. Премиер лигата веќе загуби случај, првиот случај против нив. Не ги познавам нив [Сити], не можам да им судам. „Само мислам дека 115 различни обвиненија против фудбалски клуб денес изгледаат како да сме во меѓународна администрација. Правилата за финансиски фер-плеј мора да се променат и да се поедностават. Сопствениците на Сити дојдоа и не се соочија со никаков ФФП, ниту пак Челси. Токму Челси ги купија моите играчи и Челси исто така купуваше што сакаше бидејќи немаше правила за финансиски фер-плеј.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |