May 8, 2025 | | Свет
Арсен Венгер, еден од најпочитуваните стратези во историјата на фудбалот, иако веќе подолго време надвор од тренерскиот фокус, и понатаму внимателно го следи случувањата во светот на фудбалот и не се двоуми да даде мислење кога тоа е потребно. Овојпат, повод за коментар беше една од најгласните теми на трансфер-пазарот, а тоа е заминувањето на Трент Александер-Арнолд од Ливерпул. Англискиот бек неодамна сам ја потврди одлуката да го напушти клубот каде што стана светско фудбалско име, со што се отворија вратите за негова преселба, најверојатно, во Реал Мадрид. Според Венгер, трансферот на Арнолд не е резултат на случајни околности, туку уште еден пример за „рафинираната стратегија“ на мадридскиот гигант. „Реал Мадрид знае кога да удри, никогаш не брза, но секогаш е подготвен. Оваа ситуација со Арнолд е уште еден пример. Тие сѐ почесто ја користат истата формула: внимателно следење, тивок пристап и прецизен момент за потег“, рече Венгер. Се очекува Арнолд во наредните недели и официјално да биде претставен како ново засилување на „кралевите“, што ќе биде уште еден удар на трансфер-пазарот, а воедно и симболичен крај на неговата ера на „Енфилд“. „Мислам дека трансферот на Трент покажува нов тренд во играта, повеќе нема трансфери на големи играчи. Сите си заминуваат на крајот од договорот. Платите се толку високи што повеќе не е можно да се платат трансферите. Реал Мадрид одамна го контактирал Александер-Арнолд. Големите клубови тоа го прават. Две години пред истекот на договорот, тие ќе ви кажат: „Сакаме да те потпишеме, ќе ти ја дадеме оваа плата и ќе се обидеме да му дадеме понуда на твојот клуб. Ако не успее, ќе се вратат следната година, а ако не, ќе те потпишат бесплатно. Тоа го направија со Мбапе“, вели Французинот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |