Вештачката интелегенција го прави фудбалот на ТВ сосема различен (ВИДЕО)

June 17, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Вештачката интелегенција го прави фудбалот на ТВ сосема различен (ВИДЕО)

Полската телевизија tvpsport.pl на натпреварот помеѓу Германија и Шкотска прикажа нешто невообичаено и нешто кое во иднина би било многу интересно и корисно за гледачите на фудбал преку ТВ. Имено, додека траеше акцијата на Германија, беа прикажани имињата на фудбалерите во самиот момент кога тие ја имаат топката, должината на додавањето, брзината на шутот на топката, а беше прикажано и движењето на фудбалерите во текот на самата акција, нешто го веќе го има во фудбалските видео игри. Ова дефинитивно може да биде иднината кога станува збор за гледањето на фудбалските натпревари преку ТВ, а вака прикажано изгледа информативно и корисно за секој гледач.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.