February 17, 2025 | | Свет
Манчестер Јунајтед ја одигрува најслабата сезона во историјата на Премиер лигата од 1992 година, а во моментов тимот се наоѓа на 15-тото место на табелата со минимални изгледи за поголем напредок. Единствена реална шанса за европско место следната сезона остануваат ФА Купот и Лигата на Европа. Според пресметките направени со вештачка интелигенција, Јунајтед најмногу би можел да се искачи до 12-та позиција, но најверојатно ќе заврши на 13-то место, за што шансите изнесуваат 17.3%. Има и 12.1% веројатност тимот да заврши на 16-та позиција. Кога станува збор за можноста „црвените ѓаволи“ да се најдат во првите десет, таа е сведена на само 5%. Што се однесува до борбата за титулата, анализата покажува дека Ливерпул има најголеми шанси да стане шампион со 85.8%, додека Арсенал е втор со 14.01%.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |