Вест Хем би можел да ја тужи ФА на Англија за да го заштити Пакета!

July 28, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Вест Хем би можел да ја тужи ФА на Англија за да го заштити Пакета!

Тимот од Лондон ја разгледува опцијата да ја тужи Фудбалската Асоцијација на Англија, а причината е потенцијалната доживотна суспензија на Лукас Пакета. Имено, Бразилецот е обвинет за манипулирање на пазарите за обложување со намерно добивање жолти картони за вкупно четири натпревари во Премиер лигата и тоа кога Вест Хем играл против Лестер, Астон Вила, Лидс и Борнмут. Ако ова се докаже, тој би можел да добие доживотна забрана за играње фудбал, објавија британските медиуми пред неколку недели. Вест Хем размислува дали да се жали кај Спортскиот арбитражен суд во Лозана и на тој начин да ја стопираат истрагата на ФА. Токму ова е причината зошто Манчестер Сити се повлече од намерата да го ангажира Пакета. Тие сакаа да го ангажираат за околу 80 милиони фунти, но ова лето немаат покажано интерес за играчот од средниот ред. Тој ќе можа да игра во дресот на Вест Хем се до донесувањето на конечната одлука која или може да го оддалечи од фудбалот засекогаш или ќе го продолжи да се занимава професионално со овој спорт.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.