Видал дрзок во негов стил: Селекторот на Чиле е идиот

September 13, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Видал дрзок во негов стил: Селекторот на Чиле е идиот

Поранешниот репрезентативец на Чиле Артуро Видал е препознатлив по својот бурен карактер и искреност па реши и сега да удри по селекторот на Чиле Рикардо Гарека. Тој изнесе тешки навреди кон селекторот бидејќи не добил повик во националниот тим за квалификациите за Светското првенство во септември. „Играм во најдобрата екипа во Чиле и една од најдобрите 16 во Јужна Америка. Секако дека сум лут што не добив повик. Селекторот Гарека очигледно гледа само една лига и тоа е аргентинската, иако е селектор на Чиле. Тој е еден идот кој не гледа ниту натпревари од Копа Либертадорес. Поради тоа играат само истите фудбалери и нема никакви резултати“, изјави Видал. Видал моментално игра во Коло Коло, а во својата кариера играше и за Баерн, Јувентус, Интер и Барселона.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.