February 13, 2025 | | Свет
Евертон и Ливерпул одиграа возбудливо градско дерби на „Гудисон Парк“, а драмата достигна врв во последните моменти од мечот. Лидерот на табелата беше на чекор до победа, но капитенот на „карамелите“, Џејмс Тарковски, со гол во 98. минута обезбеди вреден бод за својот тим. По последниот свиреж на судијата Мајкл Оливер, на теренот избувна конфликт. Џонс од Ливерпул реагираше бурно откако Тарковски ја прослави израмнувачкиот погодок пред трибината со навивачите на Ливерпул. Во ситуацијата се вклучи и Дукуре, а само брзата интервенција на соиграчите и редарите спречи физичка пресметка. Судијата Оливер веднаш реагираше и додели црвени картони на Џонс и Дукуре, но тука не заврши поделбата на исклучувања. Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, исто така доби црвен картон откако му пријде на Оливер за ракување. Англиските медиуми се пошегуваа дека Слот бил исклучен поради „пресилно ракување“, но поверојатно е дека судијата реагирал на неговите зборови. Наводно, Холанѓанецот му кажал на Оливер дека тој треба да ја добие наградата за „играч на натпреварот“ поради своите контроверзни одлуки.
@tntsports The moment Arne Slot was shown a red card by Michael Oliver 👀🟥 #LFC #EFC #PremierLeague #Football ♬ original sound - TNT Sports
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |