(ВИДЕО) Причината зошто доцнеше полувремето: Маскиран маж бил уапсен на покривот на стадионот

June 30, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

(ВИДЕО) Причината зошто доцнеше полувремето: Маскиран маж бил уапсен на покривот на стадионот

За време на натпреварот помеѓу Германија и Данска беше уапсен маж кој се качувал на покривот на стадионот. Лицето било пронајдено на покривот на стадионот во Дортмунд и истото предизвика голема паника кај навивачите. Токму и поради оваа причина доцнеше почетокот на второто полувреме бидејќи на полицијата и требал околу еден час за да го совлада овој човек. Драмата на стадионот траела точно 57 минути а полицијата морала да крене хеликоптери за да го уапси маскираниот маж. Тој се движел по гредите на покривот, а откако не се одзвал на повикот на полицијата да се симне, органите на прогонот дури ги извадиле и пиштолите. По заканите со оружје, маскираниот маж кој носел ранец ѝ се предал на полицијата која му ја тргнала маската, му ставила лисици и го однела во полиција. Германските медиуми пренесуваат дека сѐ уште нема докази дека имал намера да ги повреди навивачите на стадионот во Дортмунд.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.