(ВИДЕО): Голот на Јамал против Франција е прогласен за најубав на ЕП!

July 16, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

(ВИДЕО): Голот на Јамал против Франција е прогласен за најубав на ЕП!

Голот на младиот Ламин Јамал против Франција во полуфиналето е прогласен за најубав гол на Европското првенство. Тој на неверојатен начин погоди од 25 метри а топката се удри од стативата и Мењон беше немоќен. Овој гол падна при резултат од 1:0 за Франција каде Шпанците бркаа негатива. Втор е голот на Англичанецот Џуд Белингам против Словачка, потоа на Швајцарецот Џердан Шаќири против Шкотска, четврт е голот на Романецот Николае Станчиу против Украина, а на петото место е голот на Турчинот Арда Ѓулер против Грузија. Топ 10 листата на голови на ЕП ја комплетираат Турчинот Мерт Мулдур против Грузија, Шпанецот Фабијан Руиз против Хрватска, Англичанецот Оли Воткинс против Холандија, Италијанецот Матија Ѕакањи против Хрватска и Холанѓанецот Чави Симонс против Англија.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.