ВИДЕО: Ибра му даде важен совет на Пикси за ЕП

June 9, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

ВИДЕО: Ибра му даде важен совет на Пикси за ЕП

Во вчерашниот натпревар помеѓу Србија и Шведска кој е контролен пред Европското првенство кое ќе се одржи во Германија, Србија славеше со 3-0. Овој натпревар беше и моментот кога Ибрахимовиќ беше испратен во фудбалска пензија. По завршувањето на натпреварот, селекторот на Србија, Драган Стојковиќ Пикси се сретна со легендарниот фудбалер каде Ибрахимовиќ му порача на Пикси дека можел да одигра барем 20-тина минути, додека Пикси му се заблагодари што не влегол во игра, но Ибра исто така му даде и совет на Пикси за претстојното Европско првенство. „Само дисциплина. Дисциплина, така се победува“, му рече Ибрахимовиќ.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.