June 15, 2024 | | Свет
Бранителот на титулата Италија успеа да ја совлада Албанија со резултат од 2:1 откако во 23. секунда неочекувано прими гол, а стрелец беше Бајрами. Италија успеа брзо да се совземе и во 11. минута од корнер Бастони успеа да даде гол на асистенција на Пелегрини. После пет минути следуваше и целосен пресврт кога Николо Барела одлично ја зафати топката и упати еден фантастичен волеј удар. До крајот на полувремето Италија погоди и пречка а и Скамака имаше шанса. Во второто полувреме Италијанците го смирија темпото. Шанса имаа Албанците во 90. минута кога Манај биеше но Донарума беше на вистинското место. Следниот натпревар Италија го игра против Шпанија, а Албанија ќе игра против Хрватска.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |