ВИДЕО: Шпанија ја прегази Хрватска уште во прво полувреме

June 15, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

ВИДЕО: Шпанија ја прегази Хрватска уште во прво полувреме

Шпанија и Хрватска ги играат своите први натпревари на ова Европско првенство а Шпанија е убедлива на полувреме и води 2-0. Се до пред првиот гол кој го постигна Мората во 29. минута, натпреварот беше мирен и немаше некои посебни случувања. Првиот гол на Мората дојде откако Фабиан Руиз даде одлична топка и Мората беше сигурен. Три минути подоцна и Руиз се запиша во листата на стрелците откако Педри беше асистент. Хрватска имаше добра шанса за гол преку Гвардиол. Во последната акција од првото полувреме, прекрасна асистенција на Јамал, а сигурен беше Карвахал кој прекрасно се уфрли. Може да се каже дека овој натпревар е практично веќе решен.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.