Вилијамс: Нема подобра селекција од нас

June 28, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Вилијамс: Нема подобра селекција од нас

Во осминафиналето Шпанија ќе ги одмери силите со Грузија и во овој натпревар ќе влезат како апсолутни фаворити. Еден од најдобрите играчи на Шпанија, Нико Вилијамс откри што мисли за тоа која селекција е најдобра на ова Европско првенство. „Не гледам некој да игра подобро од Шпанија. Како тим, нема подобар од нас“, изјави Нико Вилијамс за шпанскиот весник „Marca“. Вилијамс ги коментираше и другите фаворити на ова Европско првенство. „Франција има голем индивидуален потенцијал. Англија исто така. Но, како тим, во однос на саможртвувањето, нема никој како нас. Би можел да ја истакнам силата, присуството и додавањето на Родри, кој е неверојатен играч, но мислам дека целиот тим игра многу добро и тимот е многу избалансиран“, рече Вилијамс.  

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.