Виљареал ја изненади Барселона на „Монжуик“, Реал сигурен кај Севиља (ВИДЕО)

May 18, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Виљареал ја изненади Барселона на „Монжуик“, Реал сигурен кај Севиља (ВИДЕО)

Во претпоследното коло од шпанската Примера, Виљареал приреди сензација совладувајќи ја Барселона со 2-3 на „Монжуик“, што воедно им обезбеди пласман во Лигата на шампионите и петто место на табелата. Перез го отвори резултатот за „жолтата подморница“, но Каталонците возвратија преку Јамал и Лопез. Сепак, во второто полувреме Комесана и Бјукенен режираа нов пресврт за гостите и ги оставија Барса без одговор. Иако Бетис загуби убедливо кај Атлетико Мадрид (4-1), сепак останува во зоната за Лига Европа. Алварез со два гола и Кореа беа клучни за победата на „јорганџиите“, додека Форналс го постигна почесниот гол за гостите. Реал Мадрид, со головите на Мбапе и Белингем, во завршницата ја совлада Севиља (0-2), која играше со двајца помалку по исклучувањата на Баде и Ромеро. Во трката за европските места, Рајо Валјекано победи кај Селта Виго (1-2) и се доближи на само еден бод зад нив, додека Осасуна со триумфот над Еспањол (2-0) исто така останува во игра. Ситуацијата во долниот дел од табелата исто така е крајно напната – Леганес го победи Лас Палмас (0-1) и му ги намали шансите за опстанок, додека Еспањол, кој загуби, во последното коло ќе игра токму со Лас Палмас во решавачки натпревар за опстанок. На другите натпревари: Хетафе победи кај Мајорка (1-2) Реал Сосиедад го доби трилерот против Џирона (3-2) Атлетик Билбао славеше на гости кај Валенсија (0-1) Алавес триумфираше кај Ваљадолид (0-1)

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.