October 21, 2026 | | Свет
Агентот на Винисиус, Мајкл Јормарк откри дека лондонскиот клуб бил исклучително агресивен во обидот да го привлече бразилскиот ас и му покажал колку го посакува во своите редови. Јормарк откри дека Арсенал бил сериозна опција: „Дали некогаш сериозно размислувал за Арсенал? Секако дека размислувал.“ Агентот објасни дека кога клуб како Арсенал ќе направи сè за да те привлече и ќе те натера да се чувствуваш посакуван, нормално е да ја разгледаш понудата. „Кога клуб како Арсенал ќе ви го постави црвениот тепих и ќе направи да се чувствувате навистина посакувани, тогаш, секако, мора да ја сослушате понудата.“ Сепак, на крајот Винисиус реши да остане во Реал Мадрид. Според неговиот агент, срцето на Бразилецот е во шпанската престолнина, каде што отсекогаш сакал да игра и каде што се надева дека ќе ја заврши кариерата. „Срцето на Вини е во Мадрид. Таму отсекогаш сакал да биде и се надева дека таму ќе остане до крајот на кариерата.“ Винисиус потоа потпиша нов договор со Реал Мадрид до 2032 година, а според објавените информации, неговата неделна плата изнесува околу 480.000 фунти.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |