April 23, 2025 | | Свет
Шпанското радио „Кадена Сер“ објави дека Реал Мадрид ќе го почека завршетокот на сезоната пред да ја официјализира новата соработка со Винисиус Жуниор. Иако неговиот сегашен договор важи до 2027 година, новиот, според истите извори, ќе биде продолжен за уште три години. Интересот за Винисиус е огромен, особено од клубовите од Саудиската лига. Еден од тимовите дури понудил сензационална плата од една милијарда евра како дел од петгодишен ангажман. Но, според истите информации, бразилскиот напаѓач не бил импресиониран од траењето на понудениот договор, што на крај довело до застој во преговорите. Саудиските претставници, пак, не биле подготвени да ја исплатат таа астрономска сума за пократок период. Винисиус пристигна во Реал Мадрид во 2018 година, а веќе со години е една од главните ѕвезди во тимот на „кралскиот клуб“.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |