August 7, 2024 | | Свет
Винисиус Јуниор е оптимист дека и во новата сезона ќе пристигнат нови трофеи во витрините на „Сантијаго Бернабеу“. „Се знае кои се нашите цели. Сакам да освоиме уште повеќе трофеи од тоа што го освоивме минатата сезона. Сакам да дадам уште повеќе голови, да продолжам да се развивам, бидејќи имам само 24 години“, вели Винисиус. Реал Мадрид ќе има шанса за нов трофеј во дуелот со Аталанта во Суперкупот на Европа каде на тој натпревар се очекува да дебитира и Мбапе. „Ќе биде одлично да играм заедно со Килијан Мбапе. Се надевам дека заедно ќе постигнеме големи успеси. Треба да му помогнам да има подобра адаптација. Не е лесно да се дојде во нов клуб, но видовте како Џуд Белингам брзо се вклопи во составот. Сакам истото да го направиме и со Мбапе“, додава Винисиус.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |