January 4, 2025 | | Свет
Реал Мадрид вчера оствари драматична победа над Валенсија со 2:1 во рамките на Ла Лига, и тоа со играч помалку. „Кралевите“ постигнаа два гола во финишот откако останаа без Винисиус Жуниор, кој заработи исклучување во 80. минута при водство на Валенсија од 1:0. Бразилецот беше незадоволен од ситуација во шеснаесетникот каде што побара пенал, но откако не беше досуден, тој реагираше со удар кон македонскиот голман Столе Димитриевски. ВАР технологијата потврди дека станува збор за агресивно однесување, па Винисиус доби директен црвен картон и предвреме го напушти теренот. Сепак, Реал успеа да направи пресврт благодарение на головите на Лука Модриќ и Џуд Белингем во 85. и 95. минута. Шпанските медиуми објавија дека Винисиус може да се соочи со сериозна казна според член 104 од дисциплинскиот правилник на фудбалскиот сојуз, кој предвидува суспензија од четири до 12 натпревари за агресивно однесување. По натпреварот, тренерот Карло Анчелоти најави жалба: „Не сметам дека тоа беше црвен картон. Голманот го турна, а Винисиус само реагираше. Требаше и двајцата да добијат жолт картон, ништо повеќе“, изјави Анчелоти.
Vinicius Jr: “I just want to play football.” pic.twitter.com/3iqOW7oysM
— Footy Humour (@FootyHumour) January 3, 2025
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |